Ребел Вилсон се венча со Рамон Агрум овој викенд на Сардинија, Италија, пренесува магазинот People. Фотографиите од венчавката се уште не се објавени, а се е чувано во тајност.
Ребел и Рамона, дизајнерка на облека и накит, првиот заеднички одмор го поминаа во Италија, па не е изненадување што ја одбраа таа земја за овој важен ден.
Неколку дена пред свадбата, Ребел на својот инстаграм објави фотографија на која се држи за рака со Рамона во градот Порто Черво. Пред венчавката тие престојуваа во хотелот Кала ди Волпе.
Нивната врска стана јавна во јуни 2022 година, кога Ребел објави нивна фотографија со натпис: „Мислев дека барам принц на Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцезата на Дизни“.
На крајот на 2022 година, Ребел објави дека има ќерка со помош на сурогат мајка. „Јас сум исклучително горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат“, напиша тогаш Ребел.