Рејчел Мекадамс бремена на 39 години

Како што пишуваат светските медиуми, канадската актерка Рејчел Мекадамс е во седмиот месец од бременоста.

Триесет и деветгодишната актерка Рејчел Мекадамс го чека своето прво дете со сценаристот Џејми Линден со која е во врска веќе две години, дознава „Инњуз“.

Иако не се огласила во медиумите по повод овие вести, нејзиното појавување на вечера во Атланта ги потврдилo гласините.

„Изгледаше како да е во седмиот месец од бременоста“, изјавил извор за споменатиот магазин.

Рејчел инаку обожува да го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста. Убавицата е во врска со сценаристот Џејми Линден веќе две години и тие двајца повеќе пати се видени заедно во Лос Анџелес и Париз.

Пред Џејми, Рејчел била во врска со Мајкл Шин до 2013 година, како и со познатиот колега Рајан Гослинг кон средината на 2000 година.

Иако сè уште не се обратила во медиумите по повод шпекулациите, Мекадамс во претходните интервјуа проговорила дека сака да создаде семејство. Во 2015 година, таа изјавила за „Мери Клер“ дека сака да има деца во некој момент.

Во интервју во 2009 година, таа за списанието „Пипл“ изјавила дека еден ден би сакала да има неколку деца.

Scroll to Top