Ретро стил во домот на Џејми Оливер

Минатата година најпознатиот светски готвач Џејми Оливер и неговата сопруга Џулс купија куќа во Лондон за 9 милиони евра. Куќата со седум спални соби е уредена во стилот на ’70-тите години. Семејството Оливер честопати споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а овој пат Џулс на својот инстаграм-профил објави и серија фотографии од нивниот дом.

Во куќата доминира големата кујна каде што Џејми готви за семејството, но има и куќичка за деца и посебна соба каде што децата си играат. Пред празниците во дневната соба поставиле голема новогодишна елка која одлично се вклопува во ентериерот.
Scroll to Top