Ријана сака да му избега на Макрон

Минатиот петок во Дакар претседателот на Франција, Емануел Макрон, имал средба со Ријана. Тие не разговарале за музика и концерти, туку за образованието на децата во помалку развиените земји бидејќи Ријана е активист и поборник за правата на децата.

„Поддршката на образованието не е избор, туку потреба“, рекол Макрон на средбата.

На крајот на состанокот фотографите направиле неколку слики на кои Макрон ја поздравува Ријана. И додека претседателот е насмеан и изгледа како да не сака да ја пушти, Ријана таа изгледа како едвај да чека да избега оттаму. Па кога сликите се појавија на интернет, твитерџиите не пропуштија шанса да напишат „Сакам да ме гледаш како што Макрон ја гледа Рири“, „Макрон не ѝ е по ќеф на Ријана“, „Сигурно и на Ријана ѝ испраќа еротски писма“.

Ова не е прва средба на Макрон и Ријана, тие се запознале во јули минатата година,

Scroll to Top