Рики Мартин и неговиот 13 години помлад сопруг постигнаа договор околу разводот

Популарниот пејач Рики Мартин и неговиот 13 години помлад сопруг, шведскиот сликар Џуан Јосеф постигнаа договор за развод. Според судските документи до кои дојде ТМЗ, поранешната двојка склучила неоспорен писмен договор. Деталите се уште не се објавени, а моментално бараат од судијата да го потпише документот. Двајцата пред еден месец објавија дека се разведуваат по 6 години брак.

„Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години“, рекоа тие за People.

„Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, додадоа тие.

За потсетување, Рики и Џуан ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година. Во 2008 година, Рики Мартин ги доби близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.

Scroll to Top