Рики Мартин се венчал со Иван Јосеф

Порториканскиот пејач Рики Мартин за EL News потврдил дека се венчал со својот партнер Иван Јосеф.

„Стапивме во брак и сега сум сопруг. Разменивме завети, ги потпишавме документите што требаше да ги потпишеме. Во наредните неколку месеци ќе приредиме забава и сите ќе бидете известени“, рекол Рики.

Забавата по повод венчавката е планирана како тридневен настан: проба, прослава и третиот ден како ден за закрепнување од прославата. Рики и Иван се заедно од 2016 година, а истата година најавија и свршувачка во шоуто на Елен Дегенерис. Тие имаат две посвоени деца, близнаците Матео и Валентино.

Рики Мартин и Иван Јосеф се запознаа преку „Инстаграм“, а првпат се сретнаа во Сао Паоло, Бразил, во 2016 година.

Scroll to Top