Роби Вилијамс тврди дека видел НЛО

Роби Вилијамс го потврдува тоа што го изјавил пред неколку години дека видел вонземјани и дека кога ги видел не бил под влијание на алкохол или дрога.

„Јас сум сведок на некои многу чудни работи. Доживеав феномен што не можам да го објаснам и бев целосно трезен“, изјави британскиот пејач.

„Имаше НЛО над мојата глава, не бев пијан, не земав дрога. Бев целосно чист. Некаде околу 45 метри над мојата глава. Ако имав тениско топче, ќе можев да го удрам“, рече пејачот во телевизиско интервју.

 

Тој бил сведок на овие чудни феномени и необјасниви работи неколкупати – и во Америка и во Велика Британија.

Scroll to Top