Роџер Федерер ја освои 20. гренд-слем титула

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја освои рекордната 20. гренд-слем титула откако победи во финалето на Австралија опен. 36-годишниот Федерер беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ и победи со 3:2 во сетови.

Федерер е најстариот победник на турнирот во Австралија.

За Федерер ова е шести трофеј во Мелбурн. Тој еднаш го освои Ролан Гарос, а најмногу трофеи има на Вимблдон, вкупно осум. На УС Опен славеше пет пати.

Со 20 гренд-слем титули тој е апсолутен рекордер во светот на машкиот тенис.

Scroll to Top