Сара Џесика Паркер се огласи за навредите упатени од страна на Ким Катрал

By

Сара Џесика Паркер првпат се огласи откако Ким Катрал одби да игра во третото продолжение на остварувањето на „Сексот и градот“.

Актерката во интервјуто за „Пипл“ изјави дека Ким рекла некои работи што биле навистина болни за неа. Како што објаснила, нема намера ниту да одговори на изјавите на Ким, кои ги изговорила во интервјуто со Морган минатиот октомври.

„Никогаш не зборував за тоа, освен што изјавив дека некои од нас не се разочарани со тоа што Саманта нема да го снима третиот дел. Никогаш не одговорив на разговорот што го имаа Ким и Пирс Морган, каде што таа рече некои работи кои навистина се болни за мене. Имавме прекрасно искуство и никогаш ништо нема да биде како порано. Имавме конекција со публиката, имавме конекција со градот и со екипата и моравме една со друга да им раскажеме приказна на сите тие луѓе, така што не сакам таа тема да ја допирам повеќе. Не би можела да замислам некој друг да го игра тој дел (улогата на Саманта Џонс). Но, кавга немаше. Беше комплетно измислена затоа што, всушност, никогаш не ни одговорив. И нема затоа што таа мора да го каже она што го наумила и тоа е нејзина привилегија“, изјави Сара.

Да се потсетиме, Саманта во интервјуто во октомври изјави дека одбила да го снима третиот дел од филмот „Сексот и градот“.

„Мислам дека можеше да биде пофина. Не знам кој е нејзиниот проблем“, изјави Ким, која во нивниот однос во текот на снимањето го нарекла токсичен.

Инаку, Сара интервјуто за „Пипл“ го даде неколку часа пред Ким Катрал да упати јавна порака на нејзина сметка во која нагласи дека Сара не е ниту нејзино семејство ниту нејзина пријателка и се прашува кога веќе ќе ја остави на мир.

Во врска со тоа фановите во светот се разочарани затоа што се желни и се во исчекување за одговорот на Сара за тешко изговорените зборови на Ким.

Да се потсетиме, поводот за таквата реакција на Ким Катрал е пораката за поддршка што Сара ѝ ја упатила на Ким кога брат ѝ бил пронајден мртов во сопствениот стан.

„Не ми треба твојата љубов, ниту поддршка, во овој трагичен момент!“, беше пораката што Ким ја објави.

 

Ќе ви се допадне

Animepahe: Boku no Imouto wa "Osaka Okan" anime episode 12 online free at https://animepahe.cc animepahe

Watch anime online for free at 4Anime 4anime to go

gdgd men's Party Episode 12

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

Facebook: https://www.facebook.com/gogoanimelol/

Sqlservercentral: https://www.sqlservercentral.com/forums/user/animeflixnl