Се налути семејството на Версаче, серијата за него не е вистинита

Пред премиерата на ТВ-серијата „Американска крими-приказна – убиството на Џани Версаче“, се огласи семејството на легендарниот моден дизајнер.

„Семејството Версаче ниту даде дозвола ниту учествуваше во создавањето на ТВ-серијата за смртта на Џани Версаче. Бидејќи Версаче не ја одобри книгата на која таа делумно е заснована ниту, пак, учествуваше во пишувањето на сценариото, оваа телевизиска серија треба да се смета за фикција“, се вели во соопштението на семејството издадено преку модната куќа.

Втората сезона на популарната серија, која почнува на 17 јануари, ќе го испита убиството што го изврши Ендрју Кјунанан во 1997 година.

Едгар Рамирез го игра Версаче, Дарен Крис – Кјунанан, а Пенелопе Круз ја глуми сестрата на дизајнерот, Донатела.

Scroll to Top