Актерот Крис Еванс се ожени со актерката Алба Баптиста. Венчавката ја направија викендот, во нивниот заеднички дом во близина на Бостон, пренесе Page Six. Организирале мала и интимна церемонија со семејството и најблиските пријатели.
Гостите морале да потпишат договор со кој се обврзуваат да не ги откриваат деталите во јавност, а пред церемонијата ги предадале мобилните. Од познатите биле неговите колеги од филмовите на „Марвел“ во кој го играше Капетан Америка, Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Џереми Ренер.
За потсетување, пред франшизата на „Марвел“, Еванс се прослави со суперхеројската драма „Фантастична четворка“ во 2005 година. Во 2022 година, Еванс и Баптиста потврдија за „Пипл“ дека биле заедно една година.
„Двајцата се многу заљубени, а Крис никогаш не бил посреќен. Неговото семејство и пријателите ја обожаваат“, рече извор близок до актерот.
Баптиса е позната по улогата на Ава Силва во серијата „Воин калуѓерка“ на „Нетфликс“ и по улогите во филмот „Госпоѓа Харис оди во Париз“ и „Мајами“ за кој исто така доби неколку награди.