Кајли Џенер, најмладата од сестрите Кардашијан-Џенер, стана мајка. Таа се породила на 2 февруари, еден ден по роденденот на нејзината ќерка Сторми (4) Ова е второ дете на Кајли и нејзиниот партнер, раперот Тревис Скот.
По раѓањето на бебето Кајли објави слика на Инстаграм и потврди дека пак станала мајка. Американските медиуми тврдат дека таа родила машко бебе, иако ријалити ѕвездата не го откри полот на детето.
Кајли во септември потврди дека е бремена по многуте шпекулации, а претходно зборуваше дека сонува за големо семејство.
„Пријателите ме притискаат. Сите ја сакаат Сторми. Дефинитивно се чувствувам под притисок да ѝ родам брат или сестра, но немам некој план“, изјавила таа за „Харперс базар“ лани во март.
Малку подоцна, за време на гостувањето во живо на Инстаграм на нејзината најдобра пријателка Стејси Караниколау, Кајли кажа:
„Сакам седум деца, но не во моментов. Бременоста не е шега, тоа е сериозна работа и е тешка. Сè уште не сум подготвена за тоа.“
Кајли Џенер е во врска со Скот од април 2017 година, со тоа што раскинаа набргу по раѓањето на малата Сторми, но многу брзо по раскинувањето се појавија шпекулации дека се повторно заедно. По појавувањето на еден семеен настан, двојката е неразделна.