Се породи сурогат мајката на Ким и Канје

Ким Кардашиан и Канје Вест станаа родители третпат. Сурогат мајката што го носеше нивното трето дете се породи во понеделникот. Таа роди девојче, па Норт и Сеинт сега имаат сестра.

Веста за раѓањето ја објави Ким.

„Канје и јас сме среќни што можеме да соопштиме дека се роди нашата прекрасна ќерка. Неизмерно сме ѝ благодарни на сурогат мајката што помогна да се исполни нашиот најголем сон“, напиша Ким.

Популарната старлета поради совети од лекарите не смееше да остане бремена третпат. Тие сметаа дека поради тешката втора бременост, третата бременост би можела да го загрози здравјето на Ким и да ја доведе во смртна опасност, па затоа со Канје решија да добијат бебе со помош на сурогат мајка.

Scroll to Top