Се продаде венчаницата на Дакота Џонсон од „Педесет нијанси ослободени“

Венчаницата на Моник Лулие од 3295 долари што ја носеше актерката Дакота Џонсон во последниот дел од трилогијата „Педесет нијанси“- „Педесет нијанси ослободени“ , според бестселерот на Е.Т.Џејмс – е рекордно распродадена.

-Венчаницата не е дел од ниту една колекција, но сме отворени за таа можност ако има потреба – призна дизајнерката во интервјуто за американскиот „Ел“.

Елегантната креација е изработена од тантела шантили од Франција, многу ценет свилен материјал, и од тул што лесно паѓа од колковите и се проширува во шлеп.

Иако критиката не е наклонета на книгите, кои се распродадени во повеќе од 125 милиони примероци, ниту на филмовите, од кои првите два заработија 950 милиони долари, приказната за Анастасија Стил и Кристијан Греј заработува од брендирани производи- од долна облека до играчки за секс.

Scroll to Top