Се разведува синот на Доналд Трамп

Најстариот син на Доналд Трамп се разведува. Доналд Трамп Jуниор и неговата сопруга Ванеса пуштија заедничка изјава со која објавија дека се разведуваат.

„По 12 години брак, одлучивме да продолжиме по одделни патишта. Секогаш ќе имаме почит еден кон друг, како и кон нашите семејства. Имаме пет прекрасни деца кои се еден од нашите главни приоритети. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие моменти“, се наведува во заедничката изјава.

Според американските медиуми, барањето за развод го поднела Ванеса. Доналд Јуниор и Ванеса се запознале 2003 година, а се венчале во 2005 година.

Белата куќа одби да коментира за разводот.

Scroll to Top