Џорџ и Амал Клуни се разведуваат затоа што холивудскиот глумец бил несреќен во бракот, пишуваат светските медиуми. Тие се повикуваат на извор близок до Клуни, кој тврди дека глумецот не е задоволен и дека проблемите меѓу нив постојат подолго време.
„Џорџ одамна не е среќен. Постојано се расправаат, а кавгите и несогласувања се зголемија во текот карантинот“, рекол изворот за „Ентертејнмент тајмс“.
Џорџ и Амал се во брак повеќе од пет години и ги имаат близнаците Александар и Ела. Според порталот, глумецот и адвокатката за човекови права веќе не живеат заедно. Тие наводно почнале постапка за старателство над тригодишните деца.
Не е првпат медиумите да пишуваат за развод на познатата двојка. Иако изминатите години неколку пати се пишуваше дека тие се разделиле, ни Џорџ ни Амал никогаш јавно не ги коментирале овие пишувања.