Се разведуваат Вил Смит и Џада Пинкет

Славниот пар кој беше 20 години во брак веќе не живее заедно и се подготвува на поделба на имотот вреден 270. милиони долари…

Иако со години се шушкало за проблеми во бракот, Вил Смит и Џада Пинкет, минатата година прославиле 20. годишница од својата венчавка. Сите наводи за разидувањето секогаш остро ги демантирале, но сега веќе медиумите пишуваа дека двојката сепак живее одвоено и тоа откако нивните деца се иселиле од нивниот дом и почнале самостоен живот.

Пријателите тврдат дека, ако одењето на брачно советувалиште не вроди со плод, ќе поднесат барање за развод на бракот и распределба на имотот чија вредност се проценува на 270. милиони долари.

„Скоро воопшто не минуваат време заедно, но нивните пријатели и понатаму се надеваат дека всушност ќе сфатат колку се сакаат. Но, проблемот е што и двајцата ги откриват убавините на соло животот и уживаат во него, а се чини и дека се посреќни вака“, открил извор близок до парот.

Новите гласини за нивниот развод никого од ним блиските посебно не ги шокирале бидејќи веќе долго се мамат еден со друг и веќе долго планираат да започнат нов живот, подалеку еден од друг.

„Работата е во тоа што тие навистина се сакаат, но не се традиционален брачен пар. Ниту еден од нив не го сака претерано она чувство на врзаност“ вели нивен пријател.

Џада, за нивниот брак, ретко давала изјави, но и кога нешто би открила тоа би било во оваа смисла…

„Навистина не разбирам поради што се расправа за распадот на нашиот брак и понатаму се поттикнува, а веќе се’ рековме. Секоја година еден селебрити пар е под микроскоп на медиумите. Сите гласини за нашиот брак се потполно невистинити. Иако често патуваме, живееме заедно“ објаснила глумицата.

Но, Вил во една пригода признал дека често користеле услуги на брачен советник, но дека тоа биле моменти во кои еден на друг си кажале се’ што мислат и подобро се запознале.

Двојката има две возрасни деца, синот Џејден (19) и ќерката Вилоу (17)

Scroll to Top