Селена Гомез: Бременоста би ми го загрозила животот

Селена Гомез за можната бременост вели: „Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да ги носам своите деца. Имам многу медицински проблеми кои би го загрозиле мојот живот и животот на детето“, изјави таа за „Vanity Fair“.

„Одлично се справувам со тоа. Сметам дека е благослов што има прекрасни луѓе кои се подготвени да учествуваат во сурогат мајчинство или посвојување, што се одлични можности за мене. Благодарна сум за алтернативите за луѓето кои навистина сакаат да станат родители. Јас сум една од тие луѓе, едвај чекам да видам како ќе изгледа, иако на крајот ќе биде мое дете“.

Медиумите потсетуваат дека Селена веќе извесно време е во врска со Бени Бланко, а многумина шпекулираат дека се свршени. Селена и нејзиното момче сè уште официјално не ја потврдија веста за нивната свршувачка или можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да основа брак и семејство со Селена.

Во декември минатата година, Селена потврди дека била во врска со Бланко шест месеци, а во тоа време го нарече „најдоброто нешто што и се случило“ и рече дека тој се однесува „подобро од кое било човечко суштество со неа“. Инаку, Селена и Бени се познаваат со години бидејќи соработуваа со Џеј Балвин и Тејни на песната I Can’t Get Enough од 2019 година.

Селена и официјално стана милијардерка, пишува Bloomberg. Како пејачка и актерка, но и како претприемач постигна исклучителен успех и сега е меѓу најмладите милијардери во САД.

Нејзината вкупна вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Иако првенствено е позната како пејачка и актерка, најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од брендот за шминка Rare Beauty, кој го лансираше во 2020 година.

Scroll to Top