Актерката Селена Гомез облечена во венчаница ќе се појави во третата сезона од серијата „Само убиства во зградата“.
30-годишната актерка се облече како невеста за потребите на снимањето на новите епизоди од серијата. Таа носеше широка бела венчаница, која ја надополнила со долг превез и бели ракавици.
Селена на филмскиот сет снимаше со своите колеги Стив Мартин и Мартин Шорт.