Селма Хајек најскапо облечена на „Оскарите“

Актерката Селма Хајек на синоќешното доделување на „Оскарите“ имаше најскап стајлинг, објавуваат локалните медиуми наведувајќи дека само дијамантите на нејзиниот грб чинат 4,2 милиони долари.

Селма блескаше, но овој пат буквално. Исклучително заводлива и шармантна, таа успеа да го привлече вниманието на објективите, но, сепак, нејзиниот стил ја вброи во најлошо облечените на свеченоста, коментираат критичарите.

Долгиот светкав розов фустан во слоеви потсетуваше на барокен лустер, па според многумина, тоа ја уништила модната идеја на актерката.

Екстравагантната „Гучи” тоалета, потпишана од дизајнерот Алесандро Микеле, била нејзин избор и идеја.

Scroll to Top