Семејството на Коби дојде на концертот на Тејлор Свифт, пејачката ѝ подари шешир на малата Бјанка

Американската пејачка Тејлор Свифт ги сруши сите рекорди со турнејата. Последниот концерт ѝ беше во Лос Анџелес, а на секој настап со тимот избира по една личност на која ѝ даваат шешир за време на изведбата на песната „22“.

Овој пат од публиката ја избраа Бјанка ќерката на легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант. Бјанка на концертот дојде со мајка ѝ Ванеса, која објави фотографијата од двете на сцена.

„Те сакаме Тејлор Свифт“, рече таа.

На концертот беше и нејзината друга ќерка Наталија, која исто е голема обожавателка на Свифт. Сите носеа специјални нараквици посветени на пејачката, но и на Коби и нивната покојна ќерка и сестра Џиџи. Направија и специјална јакна со фотографија од Коби, од светската турнеја на Тејлор „1989“.

Голем број фанови ја споделија реакцијата со поддршка.

„Заедно плачеме на ‘Твитер’. Ова е најдобриот подарок што пејачката досега го додели на турнејата’“, напишаа тие. Ова не е првпат Тејлор да ги освои симпатиите со ваквите хумани дела. Неодамна додели бонус од 100.000 долари на секој возач на камион, кој ја пренесува нејзината опрема.

За потсетување, Коби Брајант загина пред три години во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. Во несреќата загина и неговата ќерка Џиџи.

 

Scroll to Top