Серена Вилијамс почна да се занимава со козметика

 

dobivaj vesti na viber

Серена Вилијамс планира да претстави колекција козметички производи под името „Анерис”, што всушност е латинска транскрипција на името на тенисерката.

Според ТМЗ, спортската ѕвезда поднела документи за зачувување на името што ќе ја обедини новата линија.

Производите ќе се движат од производи за нега на кожата, до производи за чистење, парфеми, миксови за шминка, сапуни, кармини, сјајеви за усни и сенки и маскара за трепки.

Веста доаѓа непосредно откако ѕвездата изјави дека сака да се фокусира на спортската кариера и тогаш да мисли за второ дете, без оглед на фактот дека изјави дека „дефинитивно” сака да го зголеми семејството со барем уште еден член.

„Јас дефинитивно сакам да имам две деца ако даде Господ. Но, сега сакам и тенис. Ќе чекам и ќе видам што ќе се случи “, рече таа.

Scroll to Top