Шакира даде милиони за да се спаси од затвор

По проблемите со кои се соочи Шакира, а се однесуваат на затајување данок за што ја обвинија шпанските власти, Колумбијката даде огромна сума за да се спаси!

Шакира била предупредена со ригорозна казна и можела да заврши во затвор, па бргу на властите им плати повеќе од 20 милиони евра (околу 22 милиона долари), наведуваат шпанските медиуми.

Тужбата против пејачката е поведена уште во 2011 година, а набргу потоа властите ја провериле нејзината финансиска состојба во периодот од 2011 година до 2014 година по што дошле до заклучок дека затаила данок.

Шакира како даночен обврзник е пријавена во Барселона во 2015 година, а пред тоа била на Бахамите. Во Шпанија престојувала најмалку шест месеци годишно, па законски не била обврзана да ја пријавува својата заработка, тврдат нејзините адвокати.

Инаку, Шакира од 2015 година официјално е граѓанка на Шпанија и живее со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, со кого има два сина.

Scroll to Top