Шакира доби старателство над двата сина Саша и Милан пишуваат шанските медиуми. Пејачката е видена како излегува од судот, откако го доби и случајот со затајување на данок. Медиумите пренесуваат дека Шакира планира да ги однесе децата во Мајами.
Адвокатот на Пике објави соопштение како еден вид предупредување до медиумите и папараците. Од таму велат дека постојано се објавуваат непроверени информации за нивното раскинување и на Пике му смета тоа што за него постојано се пишува сè и сешто.
„Постојано се пишува за мојот клинет сè и сешто и приморан е да ја промени секојдневната рутина со цел да ги заштити децата, семејството и оние кои му се блиски“, е наведено во соопштението.
Во продолжение исто така е објавено дека Пике ќе продолжи да се бори околу старателството за неговите синови. Тој сака да останат во Шпанија, каде живеат и учат.