Шакира со синовите се сели во Мајами: им благодарам на сите што ми ги бришеа солзите и ме охрабрија да пораснам

Пејачката Шакира се сели во Мајами, заедно со синовите Милан и Саша, пренесуваат шпанските медиуми. По неколкудневни шпекулации, пејачката синоќа била забележана на аеродромот во Барселона со своите деца.

Таа се олгасила и на Инстаграм за да им се заблагодари на Шпанците за поддршката во изминатите години.

„Се преселив во Барселона за да им дадам стабилност на моите деца, истата онаа што сега ја бараме во друг агол на светот покрај семејството, пријателите и морето. Денес започнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Ви благодариме на сите што сурфаа на толку многу бранови со мене во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е подолго од љубовта. Им благодарам на сите што ме охрабруваа, ми ги бришеа солзите, ме инспирираа и ме охрабрија да пораснам“, напиша Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Scroll to Top