Шерон Стоун го загубила старателството над детето поради „Основен инстинкт“: актерката вели дека популарниот филм и го уништил животот

По разводот, актерката побарала од сопругот старателство над синот, но била одбиена поради познатиот филм во кој таа ја толкувала главната улога.

Филмот „Основен инстинкт“ стана глобално популарен, а актерката која ја глумеше фаталната русокоса, Шерон Стоун, стана светска ѕвезда.

Но, покрај тоа што, од една страна, оваа улога и придонесе многу, бидејќи и донесе слава, од друга страна и го одзеде домот, а како што опиша актерката „Основен инстинкт“ го уништи нејзиното семејство.

Шерон Стоун гостуваше во емисија, каде што опиша дека овој филм на Пол Верховен од 1992 година, еротски трилер кој беше доста ризичен за своето време, стана толку озлогласен што актерката го загуби старателството над синот повеќе од 10 години по објавувањето.

– Го изгубив старателството над моето дете. Судијата го праша моето дете, моето мало момче: „Знаеш ли дека мајка ти снима секс филмови?“ – рече Шерон.

Стоун се омажи со истражувачкиот новинар Фил Бронштајн во 1998 година и го посвои нивниот син Роан во 2000 година, според Page Six.

Меѓутоа, Бронштајн поднесе барање за развод во 2003 година, што ја натера Стоун да побара целосно старателство – за да биде одбиена во 2004 година како што вели таа, поради популарниот филм.

„Тоа ми го скрши срцето“, изјави актерката во споменатата емисија.

Scroll to Top