Шерон Стоун: Изгубив милиони по мозочниот удар, луѓето ме искористија

Познатата актерка Шерон Стоун откри дека луѓето финансиски ја искористиле додека закрепнувала од мозочен удар.

Во 2001 година, Стоун доживеа мозочен удар што доведе до деветдневно мозочно крварење, што ја принуди да паузира седум години од актерството.

„Луѓето ме искористуваа во тоа време. Имав заштеда од 18 милиони долари од мојата кариера, а кога се вратив на мојата банкарска сметка, сето тоа го немаше. Немав пари воопшто“, изјави таа за Холивуд Репортер.

Таа додаде дека наместо да биде огорчена за она што го доживеала по мозочниот удар, решила да се фокусира на позитивното.

„Ако гризнеш семе од горчина, тоа никогаш не те остава. Но, ако имаш вера, дури и ако таа вера е со големина на зрно од синап, ќе преживееш. Затоа сега живеам од радост, живеам со цел“, изјавила 66-годишната актерка.

Стоун рече дека мозочниот удар целосно го променил начинот на кој функционира нејзиниот мозок.

„Мојот мозок не беше на истото место во мојата глава како порано. Сè се смени. Сетилото за мирис, видот, сетилото за допир. Не знаев да читам неколку години. Многу луѓе мислеа дека ќе умрам“, рече Стоун.

Актерката претходно изјави дека лекарите мислеле дека „глуми“, а подоцна се испоставило дека имала крварење од мозокот како резултат на пукната вертебрална артерија.

„Тие го погрешија првиот ангиограм и мислеа дека глумам“, изјави таа за Vogue во 2023 година.

„Мојот најдобар пријател ги убеди да направат уште еден тест, а потоа открија дека имам крвавење во мозокот, субарахноидално крварење и дека ми пукна вертебралната артерија. Да ме прателе дома, ќе умрев“, додала таа.

Scroll to Top