Шерон Стоун: Заработив 13,5 милиони помалку од Мајкл Даглас за филмот „Ниски страсти“

Глумицата Шерон Стоун месецов за време на собирањето средства за „Женскиот фонд за истражување на ракот“, рече дека ги изгубила половина од парите поради колапсот на банките, а сега рече дека изгубила пари и од снимањето на нејзиниот филм „Ниски страсти“.

На 43. годишното доделување на наградата Muse во Њујорк, Стоун откри дека заработила само 500.000 долари за секси трилерот од 1992 година, а Мајкл Даглас 14 милиони долари, односно 13,5 милиони повеќе.

„Тогаш бев нова во овој бизнис, а тој беше голема ѕвезда“, рече Стоун.

Ѕвездата од „Ниски страсти“, исто така објасни дека се соочила со омаловажување на главниот продуцент на проектот Пол Верхоевен, кој постојано ѝ го грешел името и ја нарекувал Карен за време на снимањето.

„Дури и за време на балот на Гувернерот ме нарекуваше Карен. Тоа понижување го носев длабоко во себе, иако моето име не беше на постерот“, рече таа.

Стоун била почестена што била на настанот со уште осум жени, меѓу кои ѕвездата од „Лекција по пијано“, Даниел Брукс, претседателката на Академијата за филмски уметности и науки Џенет Јанг и ѕвездата од „Милионер од гетото“ Фрида Пинто и Сандра Ли.

 

 

 

Scroll to Top