Што означуваат тетоважите на познатите?

Колку и да не фасцинират трендовите во тетовирањето, сепак се чини дека познатите личности се тие кои ги одредуваат популарните тетоважи. Но што означуваат нивните тетоважи?

Една сосема интересна тетоважа има Бијонсе. Таа на четвртиот прст од левата рака има истетовирано три мали точки. Фановите велат дека тие точки ги означуваат нејзините три деца.

Мајли Сајрус е позната во своите луди тетоважи, а една од првите кои ги направила се наоѓа под нејзините гради. На неа пишува „едноставно диши“. Се зборува дека ова се зборовите кои Мајли си ги повторувала во себе откако починала нејзината баба поради проблеми со белите дробови, како и нејзината пријателка која починала од цистична фиброза неколку месеци подоцна.

 

Пејачката Селена Гомез на грбот под пазувите на арапски има испишано „Сакај се себеси пред се“.

Ријана, голем дел од своето тело го украсила со тетоважи. Иако луѓето најчесто ја приметуваат нејзината тетоважа на раката, еднакво интересна е и нејзината тетоважа под градите. Нејзината баба починала во 2012 година, а пејачката и оддала почит со трогателна тетоважа. На неа пишува: „Божица Исис – Комплетна жена – Модел за идни генерации – #grangrandolly – секогаш број еден во моето срце“.

Омилениот британски музичар Сем Смит на четвртиот прст од левата и десната рака има истетовирано две мали цртички. Oвие тетоважи се откриени на една мумија која била пронајдена под слоеви од снег.

Scroll to Top