Шварценегер објави аудио книга и призна дека е дислексичен

Арнолд Шварценегер заврши со снимањето на неговата аудио книга Be Useful, во која призна дека е дислексичен. Книгата се очекува да се појави во хартиена форма на 10 октомври.

„Можев да ви кажам дека беше одлично да седнам и да ги снимам моите зборови, но вистината е дека бев преплашен. Еве ја мојата тајна. Јас сум ужасен читател“, рече Шварценегер.

Глумецот се потсети како во 1950-тите , кога студирал во родната Австрија, не се зборувало за постоењето на деца со пречки во учењето, Шварценегер го опишал неговото читање пред класот како неуспешно, поради што бил тепан со лењир.

„Сега знам дека сум дислексичен. Кога се подготвувам за филм, го читам сценариото одново со месеци, додека не се сетам на секој ред. Ми треба време и повторување за да ги совладам зборовите”, рече актерот.

Зборувајќи за аудио книгата, Шварценегер рече дека му било кажано од писателите дека ќе ја завршат за два до три дена во студио. Тој побарал домашни услови за снимање и најавил дека ќе минува од 20 до 30 страници дневно. Тоа му овозможи да работи со режисер и продуцент два пати на ден на пократки сесии.

Актерот познат по филмовите „Конан варваринот“, „Предатор“, „Вистински лаги“ и серијата „Терминатор“ рече дека со снимањето на аудио книгата дознал дека мора да оди напред.

„Направив толку многу повторувања што не можам да ги избројам. Ги искршив на мали парчиња, знаејќи дека малите добивки градат големи победи, или во овој случај, цела книга“, рече актерот.

Шварценегер истакна дека се надева оти слушателите на книгата ќе бидат инспирирани, не само од зборовите, туку и од процесот на снимањето.

Scroll to Top