Сите скандали на принцот Хари

Принцот Хари (34) изминатите неколку месеци се наоѓа во центарот на вниманието поради венчавката со американската актерка Меган Маркл.

Иако сега е дури шести по ред за британскиот престол, Хари не е типичен член на кралското семејство. Со години се пишувало за него како за „лошо момче“ и принцот кој живее од скандали.

Како се приближува големиот ден, медиумите постојано пишуваат за некои од најголемите испади од раната младост.

Принцот Хари Велшки е помладиот син на принцот Чарлс и починатата принцеза Дајана. Роден е на 15 септември 1984 година. Уште како момче имал голем авантуристички дух. Тие кои добро го познавале, велат дека бил многу среќно момче.

Иако до пред неколку години бил трет во линијата на наследници за британскиот престол, по својот татко и брат Вилијам, веројатно никогаш нема да стане крал, особено поради тоа што неговиот брат во меѓувреме доби три деца кои имаат предност за круната. На него секогаш се гледало како на резерва, додека Вилијам е вистинскиот наследник.

„Дури и неговата мајка принцезата Дајана во шега говорела за него како за замена, иако тоа некогаш не било смешно“, изјавила Пени Јуниор, кралскиот биограф и додала дека ова во голема мера влијаело на неговиот живот.

Живеел како секој нормално момче, се додека еден настан не направил пресврт во неговиот живот. Тоа било смртта на неговата мајка принцезата Дајана. Додека сите околу нив плачеле, принцевите не покажувале знаци на тага, иако се верувало дека во себе вриштеле и жалеле по мајка им, пренесува Си-Ен-Ен.

Среќнто момче кое си играло, со време стана принц кој сака журки и убави проводи.

 

Принцот Хари ја започнал својата воена кариера, но во неколку наврати ја прекинувал. Медиумите почнале да пишуваат за него како лошо момче и принцот кој живее од скандали.

МАРИХУАНАТА И АЛКОХОЛОТ

Кога имал 16 години, принзал дека пушел марихуана ѝ пиел алкохол иако не бил полнолетен. Кога за тоа дознал принцот Чарлс, го испратил во клиника за одвикнување за да му објасни колку дрогата и алкохолот можат да бидат опасни.

Ова очигледно не влијаело премногу на него, затоа што во повеќе наврати бил фотографиран со марихуана во раните утрински часови, на излезите од клубовите во кои се забавувал цела ноќ.

ПИЈАН ПАДНАЛ ВО БАЗЕН

Овој скандал не бил толку страшен. Хари во еден момент се напил и така пијан паднал во базен, но за повеќето ова било само смешно.

НАПАД НА ФОТОРЕПОРТЕР

Во моментите на излегување од еден ноќен клуб во 2004 година, Хари се степал со еден фоторепортер. Неговите претставници за печат изјавиле дека репортерот го удрил со фотоапаратот, а потоа и со тупаница во лицето, додека фотографот тврди дека Хари го нападнал него без никаква причина.

ПРОФЕСОРИТЕ МУ ПОМАГАЛЕ НА КОЛЕЏ

Во 2005 година, еден професор на Итон колеџот изјавил дека наставниот кадар му помогнал на принцот Хари да добиде најдобра оценка по предметот уметност, затоа што бил лош во овој предмет. Еден професор бил обвинет дека лично му ја завршил контролната вежба.

КОЛЕГИТЕ ОД ВОЈСКА ГИ НАРЕКУВАЛ СО ПОГРДНИ ИМИЊА

Додека во 2006 година со колегите војници чекал да полетаат, принцот Хари лично направил една снимка на аеродромот, во која ги прикажал своите другари. Во еден момент камерата ја свртил кон еден војник и изјавил, – Ова е нашиот мал Паки“. Паки, инаку е погрдно име за Пакистанците. Хари подоцна јавно се извинил и рекол дека не мислел ништо лошо.

БАКНАЛ ДЕВОЈКА ВО ЈАВНОСТ

Во 2007 година, Хари го прекршил кралското правило и ја бакнал тогашната девојка Челзи Дејви во јавност, за време на еден концерт. Следната година тоа го направил на натпревар по крикет.

БАКНЕЖ СО МАШКО

Во 2009 година се појавиле фотографии и снимка на која принцот Хари наводно се бакнува со машко. На шокантната снимка наводно се гледа како принцот Хари на непознатиот маж му вели „те сакам“, а тогаш го лиже и го бакнува по лицето. Додека кралското семејство полудело поради овој скандал, активистите за геј права му аплаудирале и го поздравиле ваквиот негов потег.

 БЕЗДУШНИОТ ХАРИ

За време на еден поло меч во 2010 година, младиот принц во еден момент со мамуза го удрил својот коњ, поради што животното почнало да крвари. Сведоците тврделе дека Хари продолжил да го јава коњот до крајот на мечот, а надимакот „бездушниот Хари“ го добил од група за заштита на животните. Од Кенсингтонската палата ги отфрлиле ваквите наводи итсакнувајќи дека принцот Хари прекинал да игра, веднаш откако приметил дека животнотот е повредено.

ЏУСКА КАКО ЦЕЛИОТ НОРМАЛЕН СВЕТ

Во 2011 година се појавила снимка на која принцот Хари џуска на песна на Мајкл Џексон во Хрватска. Иако кралското семејство не било премногу воодушевено, снимката само покажала дека принцевите се само обични луѓе кои сакаат да се забавуваат.

ХАРИ НАЦИСТОТ

Еден од најголемите скандали се случил кога принцот имал 20 години. Тогаш Хари на еден маскенбал се појавил во нацистичка униформа, со свастика на ракавот. Фотографијата се појавила во медиумите со наслов „Хари е нацист“. Неговиот избор на костим бил шокирачки за сите и предизвикал бес ширум светот. Таа година се обележувала и 60 годишнината од Аушвиц, а Хари се извини во јавноста.

„Тоа беше лош избор. Се извинувам на сите“, изјавил Хари по скандалот.

ГОЛИОТ ЗАДНИК НА ПРИНЦОТ ХАРИ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ

И додека сите останати членови на кралското семејство живееле мирно, извршувајќи ја должноста која им е доделена, принцот Хари продолжил со своите лудости. Уште еден скандал се случил во 2012 година, кога во јавноста се појавиле фотографии на кои принцот бил целосно гол.

Британскиот принц бил со другарите во Лас Вегас и во една соба во луксузен хотел заедно со неколку девојки играле билијард на соблекување. Една од девојките снимала со мобилниот телефон и фотографиите и видеата ги објавила на Интернет.

Палатата ја потврдила информацијата за принцот Хари и уште еднаш се извинила за неговото однесување. Хари во тие моменти изјавил дека бил премногу стресен живот во војската. Медиумите тогаш пишувале дека кралицата Елизабета II била инзервирана и дека таа и принцот Чарлс го казниле Хари поради непристојното однесување. Адвокатите на кралското семејство веднаш се заканиле до сите медиуми со тужби, доколку не бидат повлечени фотографиите.

На 30 годишна возраст, принцот Хари се смирил. Станал капетан на Хари Велс, влегол во војна и ја предводел групата од 11 војници.

Во 2016 година принцот Хари бил многу зафатен, но не со правењето на нови скандали. Почнал да се занимава со добротоворна работа, а фокус му биле заболените со ХИВ, децата и менталното здравје.

Ја запознал американската актерка Меган Маркл. Медиумите пишувале дека тоа било љубов на прв поглед и дека Хари ја пронашол својата сродна душа.

Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај во дворецот Виндѕор.

 

Scroll to Top