Актерката Софија Вергара насмеана откако јавноста дозна дека се разведува од долгогодишниот партнер – Џо Манганиело. Таа со блиските пријателки се забавуваше на концерт на Тејлор Свифт.
Во преполната концертна сала Софија позира со пријателките, се пофали со атмосферата на концертот.
Со модната комбинација ја истакна витката линија, а нејзините следбеници напишаа дека никогаш не изгледала поубаво.
Да потсетиме, Софија и Џо ги потврдија гласините за развод пред речиси две недели.
„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашите животи“, гласеше официјалната изјава на славната двојка, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.
Колумбијката за прв пат се омажила кога имала само 18 години со својот прв сопруг и средношколско момче Џо Гонзалес. Тие раскинаа две години подоцна кога Софија почна да гради кариера во моделирање и глума.