Лажни голи фотографии од Тејлор Свифт со вештачка интелигенција кружат на интернет

Фотографии од пејачката Тејлор Свифт, кои имаат сексуално експлицитна содржина и се генерирани од вештачка интелигенција, со денови кружат на социјалната мрежа X.

Една таква објава собра повеќе од 45 милиони прегледи, 24.000 повторни објавувања и стотици илјади лајкови, пред да му биде суспендиран профилот на корисникот кој ги објавил.

Како што пренесуваат странските медиуми, Тејлор наводно е бесна поради фотографиите и размислува да преземе правни мерки.

„Одлучува дали ќе преземе правни мерки или не, но едно е јасно: Овие лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција се навредливи и експлоататорски и се направени без согласност и/или знаење на Тејлор“, изјавил извор за „Дејли меил“.

Објавите, познати како deepfakes, ја прикажуваат пејачката во различни провокативни пози на натпревар на Канзас Сити Чифс, за кој игра нејзиното момче Тревис Келче.

Scroll to Top