Поранешната британска група „Спајс грлс“ ќе се собере заедно на венчавката на Бруклин, синот на Дејвид и Викторија Бекам.
Британските медиуми пренесуваат дека Викторија е таа што се погрижила за своите поранешни колешки Гери Хорнер, Мел Би, Ема Бунтон и Мел Ц да бидат дел од овој голем ден за неа и Бекам, но засега останува нејасно дали девојките ќе пеат на венчавката.
Мел Ц минатиот месец рече дека е можно групата повторно да се собере заедно и дека тоа било желба на сите во групата.
„Постојано зборуваме за тоа. Девојките имаа досега неколку состаноци и тоа е нешто што сите сакаме да го направиме. Работиме на сите детали во врска со Ковидот и ќе се обидеме тоа да го оствариме“, рече Мел.
За потсетување, Бруклин треба да се венча со 27-годишната Никол Пелтц, а церемонијата треба да се одржи на имотот на семејството на Никол на Флорида на 9 април.