Светски ѕвезди, кои, по разводот, морало да им платат милиони на своите бивши

Некои од познатите светски ѕвезди по нивните разводи морале на бившите да им исплатат суми и од по неколку милијарди евра. Таков е случајот со Канје Вест, Роман Абрамовиќ, Берни Еклстоун, Мајкл Џордан и многу други.

Уште на почетокот на минатата година голем број фанови беа погодени од веста за разводот на Канје Вест и Ким Кардашијан.

Двајцата се веќе со нови партнери, па само прашање на време е кога нивниот разводот и официјално ќе заврши. Сите се прашуваат кој најмногу ќе профитира од истиот, но, се чини дека на крајот тоа ќе биде Ким, пишуваат медиумите.

„Целебрити нет ворт“ пренесува дека богатството на Канје се проценува на 6,6 билиони долари, додека Ким тежи 1,4 билиони долари.

Ким и Канје се само дел од бројните ѕвезди кои се пожалиле и покајале по нивните разводи со партнерите. Таков е случајот и со Џеф Безос и неговата поранешна сопруга Мекензи.

Еден од најбогатите луѓе на светот се разведе во 2019 година, а веста ја сподели на „Твитер“.

„Како што членовите на нашето семејство и блиски пријатели веќе знаат, по долг период љубовно истражување и пробна раздвоеност, одлучивме со Мекензи да се разведеме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели. И да знаевме дека ќе се разведеме по 25 години брак, ние пак ќе се венчавме“, напиша сопственикот на „Амазон“.

Мекензи од разводот заработи 38 милијарди долари, пренесоа светските медиуми.

Еден од најскапите разводи е и оној на Берни Еклстон. Поранешниот шеф на Формула 1 се разведе од сега веќе неговата поранешна сопруга Славица. Според пишувањата на некои медиуми, на судијата му требале само 58 секунди да го прифати нивното барање за развод, кој ги чинел околу милијарда евра.

За потсетување, двајцата по само 2 месеци брак ги добија ќерките Тамара и Петра.

Постојат и бројни примери во кои сопружниците изгубиле повеќе од половина од имотот поради разводот. Таков е случајот со познатиот режисер Стивен Спилберг, кој морал да ѝ плати на првата сопруга Ејми Ирвинг повеќе од 80 милиони евра.

Голферот Тајгер Вудс и неговата поранешна сопруга Елин Нордегрен ги полнеа насловните страни на таблоидите сè до 2010 година, кога се разведоа. Заедно беа во брак 6 години. Се разделија по големиот број неверства.

Иако прво се шпекулираше дека Елин ќе добие повеќе од милијарда евра, подоцна се покажа дека добила само 80 милиони евра.

Глумецот и режисер Мел Гибсон, изгуби околу 425 милиони долари по разводот со поранешната сопруга Робин Мур во 2012 година. Со неа беше во брак 30 години и доби 7 деца. Мел и Робин не потпишале предбрачен договор, па таа имаше право на половина од неговиот имот.

НБА легендата и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан исто така е рекорден по висината на износот кој морал да го плати по разводот. Тој морал да ѝ плати на поранешната сопруга, манекенката Хуанита со која беше во брак 17 години, речиси 270 милиони долари. Таа го добила и луксузниот имот во Чикаго и старателството на нивните 3 деца.

Рускиот магнат и сопственик на агнлискиот клуб Челзи, Роман Абрамовиќ е еден од најбогатите луѓе на светот. Но, неговото богатство значително се намали по разводот од неговата втора сопруга Ирина, која добила речиси 260 милиони долари и удел во други големи компании.

За време на нивниот 16 годишен брак тие добија 5 деца, а по разводот Ирина се повлече од јавниот живот. Абрамовиќ повторно се ожени и тоа за ќерката на рускиот богаташ Даша Жукова. Сепак Роман и Даша во 2017 година објавија дека се разведуваат.

 

Scroll to Top