Тајно се омажи актерката Ејми Шумер

Комичарката Ејми Шумер, една од најзабавните жени во Холивуд, како што ја нарекуваат колегите, се омажи денес на тајна церемонија. Таа пред неколку дена првпат објави фотографија со готвачот Крис Фишер, со кого е во врска само три месеци. Денес, ги изненади сите со фотографии од свадбата.

Кума на свадбата ѝ била холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс. Двете актерки неколку години се најдобри пријателки.

Ејми и Џенифер Лоренс
Scroll to Top