Тајно се ожени Ед Ширан

Ед Ширан се ожени, пишуваат светските медиуми откако бил фотографиран со прстен на левата рака. Веднаш почнаа да шпекулираат дека Ширан тајно се венчал. Многу фанови му ја честитаа венчавката. Пејачот, пак, не ги потврди муабетите, ама не ги ни демантираше.

Ед Ширан лани се сврши со својата долгогодишна девојка Шери Сиборн. Тие се заедно уште од средношколските денови. Неколку години биле разделени, додека Шери студирала. Врската ја обновиле во 2015 година.

Ед и Шери деталите од нивната врска ги чуваат далеку од јавноста.

Scroll to Top