Том Круз 4 години на ја видел ќерката

Холивудскиот актер Том Круз не ја споменува често својата ќерка Сури, а не ја ни видел цели четири години.

Таа живее со мајка си, Кејти Холмс, која од Круз се разведе во 2012 година, по шест години брак. На почетокот актерот одржувал контакти со Сури, но по една година од разводот тоа се сменило.

Том Круз своеволно се повлекол од животот на девојчето и го прекинал секој контакт со Сури, обајвил „Селебрити инсајдер“.

„ Кога ќе го прашате Том кога ќе се види со ќерка си, вели дека сега не е време за тоа“, тврдел пријател на актерот и додал дека тој е посветен на снимање филмови, на активности во скиентолошката црква и дека има само тесен круг на пријатели.

Scroll to Top