Тори Спелинг доживеа нервен слом

Актерката Тори Спелинг, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, доживеала нервен слом, а непознато лице повикало полиција која дошла во нејзиниот дом. Според магазинот „Пипл“, од нејзиниот дом деновиве се слушале викотници, па на крајот интервенирала полицијата, која останала таму неколку часа.

Тори била опишана како агресивна и опасна, а папараците направиле фотографии од нејзиниот сопруг Дин Мекдермот во дворот од куќата кој разговара со полицајците и им ги покажува раните.

Актерката има пет деца. Таа долги години се бори со нервно растројство, што кулминирало откако во 2013 година дознала дека сопругот ја изневерува. Потоа изјавила дека го спасила бракот само заради децата.

Scroll to Top