Трамп бара порно актерката да му плати 20 милиони долари

Адвокатите на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, поднесоа тужба против порно ѕвездата Сторми Даниелс поради прекршување на договорот од 2016 година и бараат обештетување од 20 милиони долари.

Адвокатите тврдат дека Сторми го прекршила договорот најмалку 20 пати. Актерката тврди дека имала афера со Трамп што почнала во 2006 година и траела неколку месеци.

Адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, рече дека ѝ платил 130.000 долари негови пари за да молчи.

Ова е прв пат Трамп да биде директно вклучен во случајот. Тој „категорично ги негира“ тврдењата дека имал афера со Сторми.

Адвокатот на Сторми, чие вистинско име е Стефани Клифорд, месецов поднесе тужба за поништување на договорот со кој таа се обврзала да не зборува во јавноста за нивната врска. Тие тврдат дека договорот е невалиден бидејќи Трамп не го потпишал. Дополнително, тврдат дека противтужбата од страна на адвокатскиот тим на Трамп е „само уште една тактика за заплашување“ на актерката.

Scroll to Top