Три члена од филмската екипа на „Раст“ го тужат Алек Болдвин откако ја застрела снимателката

Три члена од филмската екипа на „Раст“ во понеделникот поднесоа тужба против Алек Болдвин и продуцентот на филмот пренесе „ТМЗ“.  Тврдат дека патат од анксиозност и симтпоми на пострауматски стресно пореметување, кога Болдвин на сетот ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс.

Рос Адиего, Доран Куртин и Рис Прајс биле во црквата во Ново Мексико кога Болдвин ја застрела Хачинс и режисерот Џоел Соуза. И тројцата велат дека биле во непосредна близина кога пукал со пиштолот.

Во тужбата го обвинуваат дека не обрнувал внимание за време на обуката со оружје, а неговата пијар служба на глумецот засега се нема изјаснето по таквиот повод.

 

Scroll to Top