Црните тесни фармерки се зимски моден тренд

Во листа на неколку модни класици секогаш се црните тесни фармерки, кои се чини дека постојано се актуелни. Речиси и да нема модна блогерка или девојка што нема барем една комбинација со нив. Секоја сезона добиваат нов живот во комбинација со актуелните трендови, а повремено, како оваа сезона, и тие се носечките модели.

Традиционално добар спој се со џинс јакните и кошулите, со маичките со принт, блузите на линии, со палтата и кожените јакни. Оваа зима се носат со масивни џемпери, со плетени ролки, со кимоно, модели од кадифе, со фустани од свила или тантела, со тренерка со волумен и бунда во боја. Ова е модел што може да се комбинира со парчиња за во канцеларија: кошули со панделка околу вратот, палта, свечени блузи, па дури и туники.

Scroll to Top