Тужба од милион долари за Сара Џесика Паркер

Дизајнерката за накит Кет Флоренс ја тужи Сара Џесика Паркер бидејќи не ја промовирала нејзината линија дијамантски накит за што била платена милиони долари. Минатата недела Флоренс му соопшти на федералниот суд во Њујорк дека и` платила 5 милиони долари на рати и исплатила 10 % од продажбата на накитот, што вкупно изнесува 7,5 милиони долари.

Кет исто така изјавила дека Сара Паркер ја промовирала колекцијата за накит во есента 2016 кога колекцијата за прв пат излезе, но и дека многу брзо добронамерната соработка престанала.

Наводно, Сара Џесика Паркер требала да присуствува на настанот каде што ќе се претставува колекцијата, но глумицата сè до денот на настанот не им се јавила за да им откаже, па така промоцијата била одложена.

„Тој датум и време не одговараа за вечерно претставување на производите кои беа планирани и беа дел од договорот. Покрај тоа, обвинетата ги одби и алтернативните вчерни датуми и термини”, напиша во тужбата Флоренс.

 

Всушност, Флоренс ја тужи Паркер поради непочитување на договорот и невнимание. Таа бара оштета за трошоците за производството на колекцијата со Паркер и компензација на штета.

Scroll to Top