Убиен е член на филмскатa екипа за време на снимање на серијата „Ред и закон“

Џони Пизаро, член на екипата на телевизиската серија „Закон и ред: Oрганизиран криминал“, бил застрелан и убиен на снимањето на серијата во Њујорк, потврдила полицијата за американските медиуми.

Триесет и едногодишниот Џони бил пронајден во вторникот околу 5:15 часот по локално време на улица во Бруклин пред почетокот на снимањето на серијата. Тој се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на главата и вратот.

Бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт. Сè уште не се познати информациите за осомничените, како и мотивот за убиството, но напаѓачот наводно се приближил до возилото во кое бил Џони и пукал во него.

На снимките од локалните медиуми се гледа како полицијата на местото на злосторството ја фотографираат внатрешноста на црвената Honda Civic со отворена совозачка врата. Според портпаролот на телевизиската мрежа NBC, за време на пукањето немало снимање и било потврдено дека убиениот е член на нивната екипа. Работел како продукциски асистент во врска со паркирањето на сетот. Неговата задача била да се погрижи улицата да биде чиста за да можат возилата поврзани со снимањето на серијата да се паркираат.


 

Scroll to Top