Вајнштајн со името на Гвинет Палтроу сексуално намамувал жени

Актерката Гвинет Палтроу е една од жените што го обвини Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба, но сега призна дека продуцентот го користел нејзиното име за да ги намами другите жени.

„Вајнштајн не е првиот што излажал дека спиел со некого, но ја користел лагата како средство за напад“, изјавила Палтроу за „Њујорк тајмс“.

Актерката раскажала дека ова се случило кога имала 22 години и отишла кај него на состанок. Продуцентот почнал да ја допира, па ја поканил во спалната соба на масажа, но актерката одбила. Таа ова му го раскажала на тогашното момче Бред Пит, но и на нејзиниот агент. Пит се соочил со продуцентот, но од агенцијата ја советувале да не зборува за тоа што се случило, па Гвинет решила да молчи.

Scroll to Top