(Видео) Бил Гејтс пристигна во Бодрум со јахта долга 107 метри, милијардерот во посета на Турција

Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, денеска пристигна во турското летувалиште Бодрум со луксузната јахта „Лана“, долга 107 метри. Тој избра туристичка тура, наместо да се сонча и плива на плажите во Бодрум, како што прават повеќето гости, пренесуваат светските медиуми. Тој со неговата придржуба го посети античкиот замок во Бодрум.

„Лана“ најпрво беше закотвена на одморалиштето Кушадаси, а потоа со неа ги обиколи блиските антички градови. Јахтата на Гејтс има осум апартмани, седум ВИП салони, голем базен и турска бања. Поради должината на бродот, мораше да ја заготви на брегот, наместо на пристаништето.

https://www.youtube.com/watch?v=j0yDuFUzAAg

Медиумите додаваат дека Гејтс, опкружен со телохранители, поминал два и пол часа во замокот, каде се фотографирал и го посетил локалниот подводен археолошки музеј. Ова е втора посета на американскиот милијардер на Турција во последните четири месеци.

Scroll to Top