Пејачката Деми Ловато имаше прв настап на Греми по предозирањето. По паузата пејачката се врати на музичката сцена. Таа ја испеа песната Anyone, која ја сними четири дена пред предозирањето поради кое за малку ќе го изгубеше животот. На моменти ја обземаа емоции и мораше да го прекине настапот.
„Оваа песна беше напишана и снимена кратко време пред да ги имам проблемите со кои се соочив во животот. Текстот тогаш чувствував дека имаше друго значење. Јас снимив во состојба кога мислев дека сум во ред, а всушност не бев“, изјавила Деми.
Ловато во бессознание била најдена во јули 2018 година. Медицинските лица успеаја да ја спасат, а по трагичниот настан, таа почна да се лекува во центар за рехабилитација.
Пејачката неколкупати досега има зборено за зависноста од дрога и алкохол. Пред инцидентот тврдела дека е трезна шест години. Деми признала дека првпат пробала кокаин кога имала само 17 години и снимала детски филмови за „Дизни“. Со години се борела со зависност од дрога и алкохол, ментални растројства и нарушување во исхраната, а во 2010 година се лекувала за биполарно растројство, булимија, самоповредување и зависност.