Џенифер Лопез паднала од маса за нејзиниот 54 роденден. Додека тверкала пејачката изгубила рамнотежа, а видеото кое го објавила предизвика многу реакции од фановите. Многумина прашуваа каде е бил Бен Афлек да ѝ помогне.
„Роденденско расположение, цел месец. Секогаш е добро кога Лола доаѓа да си игра“, рече Лопез.
Пејачката на 24-ти јули го прослави 54 роденден. Забавата ја направи во новата палата во Беверли Хилс, која ја купи неодамна за 60 милиони долари.
Пред роденденот, на 16-ти јули ја прослави и првата годишнина од бракот со Бен Афлек. Беа на вечера во Беверли Хилс со синот на Бен, Семјуел (11) и близнаците на Џеј Ло, Макс и Еме (15). Двете постари ќерки на Бен, Вајолет (17) и Серафина (14) ја прескокнаа вечерата.
jlo is not jlo if in summer she doesn’t get on a table to dance pic.twitter.com/T73oAS6hGH
— elena (@jlofiore) July 31, 2023
The Afflecks at JLo’s birthday party… she’s really 54 🔥 pic.twitter.com/pEWKsmIpfz
— Ben Affleck’s plaid shirt (@BensShirt) July 31, 2023