Светскиот модел Џиџи Хадид за првпат го покажа својот труднички стомак. Џиџи, која долго време криеше дека е бремена, сега на инстаграм-лајв откри дека чека ќерка.
„Ова е мојот стомак“, изјавила манекенката и се свртела на страна, за да можат сите да го видат нејзиниот стомак.
„Очигледно многу луѓе се збунети зошто повеќе не споделувам фотографии со вас. Бремена сум и за време на пандемијата и очигледно е дека постојат многу поважни работи во светот. Многу луѓе ги изгубија животите поради короната и тоа сè уште се случува. Не сакам да се грижам премногу околу тоа дали сум слатка и дали морам секој ден да објавувам нешто. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè“, изјавила Хадид.
Таа и нејзиниот партнер Зајн Малик во моментов престојуваат на една фарма во Пенсилванија. Моделот откри дека носи девојче, кое би требало да се роди во септември.
Gigi Hadid explains she’s keeping her pregnancy private for now and shares a little look at her bump: “There’s my belly, y’all. Like it’s there.” pic.twitter.com/kV6dmiJYcb
— Alyssa Bailey (@alyssabailey) July 15, 2020