(Видео) Џони Деп на сцена со рок легендата Алис Купер

Холивудскиот актер во последните неколку недели свири со рок групата „Hollywood Vampires“, која е составена од легендарниот Алис Купер и Џо Пери од Аеросмит.

„Новата фризура, новиот вид на уметност, но стариот Џони Деп (54), напишала една обожавателка која по свирката ја направила фотографијата.

Новиот изглед на Џони Деп предизвика голема полемика на социјалните мрежи. Додека едни се воодушевени од промената на актерот, другите сепак повеќе им е подрага долгата коса, каква што ја имал во младоста.

„Што си направил Џони“, му пишале обожавателите.

Но и со новиот имиџ, актерот цело време е опкружен со убави жени.

Canada the other night

A post shared by Johnny Depp (@johnnydeppofficial) on

„Со својата музика тој им оддаде почест на сите починати рокери од 70-те и 80-те години“, изјавиле членовите на бендот.

Ова не е прв пат да познатиот актер настапи на бината ширум светот во улогата на музичар.

Пред точно 26 години во Белград настапиле „Партибрејкерси“, а како специјален гостин на концертот беше ѕвездата од филмот „Аризона дрим“, Џони Деп.

Тој февруари во 1992 година, Деп излегол на бината за заедно со Зоран Костиќ и останатите членови од бендот изведе една песна.

„Еве го Џони, ајде да му раскажеме што се случило со неговата риба“, изјавил тогаш Костиќ пред песната „Стој Џони“.

 

 

 

 

Scroll to Top